Основна статистика од првиот јавен повик

На првиот јавен повик објавен во ноември 2013 година примени се вкупно 105 апликации од 98 компании.

 



Во следната табела направен е конечен сумарен преглед на статусот на апликациите на компаниите.

 

 

Апликацијата на компанијата има статус на “Завршена мисија” доколку странскиот експерт ја посетил домашната компанија и согласно договореното помеѓу Владата на Република Македонија како и помеѓу странската организација, и странската организација и домашната компанија ги извршил сите неопходни активности со цел успешна реализација на мисијата во согласност со потребите на домашната компанија.

Апликацијата на компанијата има статус на “Откажана апликација” доколку домашната компанија на свое барање - поради субјективни причини - го има откажано своето учество во проектот или доколку домашната компанија или странската организација поради објективни причини не може да ја реализираат мисијата.

 

Апликацијата на компанијата има статус на “Не исполнува услови” доколку компанијата според критериумите и условите на странските организации не влегува во категоријата на мали и средни компании за кои истите постојат и ја нудат својата експертска помош, компанијата е доминантно финансирана со странски капитал, или постои нереална потреба од страна на домашната компанија со што се надминува опфатот и целта на Проектот.

Со оглед на тоа дека ова беше прв јавен повик и воедно прва година од реализацијата на овој проект, како и фактот дека соработката со одредени странски организации кои нудат експертска помош се наоѓаше во експериментална фаза, остварените резултати може да се сметаат за успешни (подетално за остварените резултати во делот “Анализа на остварените резултати од првиот јавен повик”.)