Основна статистика од вториот јавен повик

Вториот јавен повик беше објавен на 06.03.2015 година и траеше до 11.05.2015 година. На Јавниот повик беа доставени 70 апликации од 64 домашни компании.

Во Табелите бр. 1, 2 и 3 направен е преглед на структурата на апликациите на компаниите по секторот во кој работат, потребата од експертот и градовите во кои домашните компании ја имаат регистрирано својата дејност.

 

Табела 1 Структура на апликациите на компаниите по сектор

 

Паралелно со самиот процес на апликација Работната група вршеше посети на компаниите кои аплицираа, со цел проверка на податоците во апликацијата, прецизно одредување на потребата од користење на странска експертска помош и запознавање на компаниите со целокупниот процес од моментот на аплицирање до одговарање на  прашалникот по завршена мисија. Работните посети на компаниите завршија на 15.06.2015 година, по што Работната група го започна следниот чекор – аплицирање до странските организации.

Од вкупно пристигнатите 70 апликации, до 30.06.2015 година за половина од барањата на домашните компании веќе е почнат процесот на аплицирање до странските експертски организации во зависност од предметот на експертиза кој странските експертски организации го покриваат. Предност при аплицирањето имаат оние компании кај кои постои итна потреба од ангажирање на експерт, каде потенцијалот за раст на компанијата и очекуваниот број на ново-отворени работни места е голем и каде менаџментот на компанијата покажал сериозен пристап во однос на целокупниот проект.