Новости

Известување

Скопје, 15 Мај 2017
 
Почитувани,
 
Објавен е третиот јавен повик за проектот “Странски експерти за домашни компании. 
 

Известување

Скопје, 8 Мај 2017
 
Почитувани, ви ја доставуваме Анализата на остварените резултати од вториот јавен повик за Проектот "Странски експерти за домашни компании" во насока на ваше информирање. Воедно би сакале да ја искористиме оваа прилика да се заблагодариме на сите компании кои учествуваа со свои одговори на прашалникот со што се овозможи детална анализа на сите аспекти поврзани со вториот јавен повик од Проектот. Во Анализата, презентирани се квантитативните и квалитативните резултати добиени како резултат на вашите одговори на прашалниците, одговорите на експертите кои ги реализираа мисиите во вашите компании, како и согледувањата и коментарите на одговорните за Проектот во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.

Purchasing Initiative Western Balkans | 9th June 2016| Dortmund, Germany

Германската стопанска комора во Македонија, заедно со останатите регионални комори во соседните земји, германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика (BME е.V.) и Организацијата за меѓународна соработка ГИЦ го организира Б2Б проектот:

Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании“. Настанот ќе се одржи во Дортмунд, Германија на 09.06.2016.